skip to Main Content

Две лица извршиле тешка кражба од вагон

    6
Две лица извршиле тешка кражба од вагон

Синоќа на 28.02.2021 во 21.30 часот во село Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(31) од Куманово, а совозач бил А.Ј.(33) од Скопје.

При преглед во возилото биле пронајдени предмети од претходно извршена тешка кражба. Двајцата биле лишени од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.

-Заедно со предметите тие биле предадени во Полициската станица Гази Баба и во извршениот разговор изјавиле дека тешката кражба ја извршиле истиот ден од вагон на Железничката станица во Трубарево. По целосното документирање ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.

6

ТАГОВИ: кражба трубарево

Back To Top