skip to Main Content

ДИК може да определи простор кој ги исполнува условите за спроведување на гласањето

    4
ДИК може да определи простор кој ги исполнува условите за спроведување на гласањето

На 71-вата владина седница, Владата донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година со дополнителен Член 5-а со кој се утврдува дека доколку не се исполнети просторните услови на просторијата во која е сместено гласачкото место или просторијата каде што треба да се спроведува гласањето Државната изборна комисија може да определи друг соодветен простор кој ги исполнува условите за спроведување на гласањето.

Со измените на оваа Уредба, се регулираат и правилата за платено политичко рекламирање за политичките партии, како и правилата за обврската на медиумите за бесплатно да ги емитуваат информативните и едукативните кампањи на Државната изборна комисија, кои се определуваат во траење од 30 секунди на секој час.

Измените и дополнувањата на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година ги утврдува и правилата за распределбата на рекламниот простор на интернет порталите и во печатените медиуми наменет за платено политичко рекламирање, како и начинот и правилата за распределбата на финансиските средства за платено политичко рекламирање обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија согласно член 76-д од Изборниот законик.

4

ТАГОВИ: владина одлука избори

Back To Top