skip to Main Content

ДИК: Гласачките ливчиња добиени од вчера и денес не се отвораат и не се бројат пред денот на гласањето

    7
ДИК: Гласачките ливчиња добиени од вчера и денес не се отвораат и не се бројат пред денот на гласањето

Државната изборна комисија појаснува дека гласачките ливчиња добиени од гласањето на граѓаните кои се позитивни на КОВИД-19 или се во самоизолација, а кои гласале на 13.07.2020 година, и гласачките ливчиња од гласањето на болните и немоќните лица, кои гласале на 14.07.2020 година, согласно одредбите на Изборниот законик и упатствата на Државната изборна комисија, не се отвораат и не се бројат пред денот на гласањето, туку истите, во пликови, се наоѓаат запечатени во гласачката кутија за соодветното избирачко место.

Истите, пред започнувањето на гласањето на самиот ден на гласањето, 15.07.2020 година, се вадат од гласачката кутија, едно по едно се вадат од пликовите и, без да се провери за кого е гласано, се ставаат во гласачката кутија за соодветното избирачко место. Истата потоа се користи за редовното гласање.

Од Дик напоменуваат дека на 13.07.2020 година и 14.07.2020 година не се објавуваат резултати од гласањето, туку само излезност, т.е. бројот на гласачи кои гласале.

Овие гласачки ливчиња, заедно со останатите ливчиња од гласањето на 15.07.2020 година, се пребројуваат по завршувањето на гласањето на 15.07.2020 година, по 21 часот.

7

ТАГОВИ: гласање ДИК излезност ливчиња

Back To Top