skip to Main Content

Груевски доби затворска казна од година и пол, а Јанакиески условна за „Насилство во Ценатар“

    6
Груевски доби затворска казна од година и пол, а Јанакиески условна за „Насилство во Ценатар“

Една затворска и пет условни казни е епилогот од четиригодишниот судски процес „Насилство во Центар“ познат како „Шамарите за Жерновски“, соопшти денеска судијата Душко Јосифовски.

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, доби казна затвор од година и пол, додека второобвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески доби условна казна.

Обвинетите Александар Трајковски, Дарко Стојчевски, Даниел Трипуновски и Игор Бошковски добија условна казна затвор која нема да се изврши доколку не сторат друго кривично дело.

Обвинителката Фатиме Фетаи по пресудата изјави дека не е задоволна од пресудите и најави дека ќе се жали затоа што смета дека освен казна затвор не треба да биде доделено ништо друго.

Овој случај беше отворен за насилството што се случуваше на протестите на 7 и 10 јуни 2013 година пред просториите на Општина Центар.

Според обвинителството, протестите ги организирал врвот на ВМРО-ДПМНЕ, а целта не била да се спречи рушење на црквата „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“ како што се прикажуваше, туку да не дојде до промена на ДУП за „Мал ринг“.

6

ТАГОВИ: груевски Јанакиески насиство во центар судење

Back To Top