skip to Main Content

Големо количество дрога пронајдена кај велешанец

    4
Големо количество дрога пронајдена кај велешанец

СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.И.(45) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

-На 05.03.2018 година во Велес  на улица „Љубен Весов“, од полициски службеници, кај П.И. биле пронајдени и одземени амфетамини, кои ги набавил од пријавениот. По изврешен претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, мешавина на марихуана и тутун, мешавина од парацетамол и кофеин  и мешавина од бензокаин и фенацетин- наведуваат од МВР.

 

4

ТАГОВИ: Велес дрога кривична пријава

Back To Top