skip to Main Content

Гласањето на Законот за Јавното обвинителство е поддршка за евроинтеграциските процеси

    4
Гласањето на Законот за Јавното обвинителство е поддршка за евроинтеграциските процеси

Министерството за правда во текот на минатата година, обидувајќи се да обезбеди двотретинско мнозинство испрати три предлози на Закон за Јавно обвинителство, соопштува Министерството за правда.

-Суштината на сите три предлози беше имплементација на меѓународни стандарди за ефикасна борба против криминал и корупција и создавање правни основи за продолжување на сите започнати постапки пред Јавното обвинителство, вклучувајќи ги и постапките пред СЈО- наведуваат од ресорното министерство.

Последната, трета верзија (преземи ја), беше пуштена во декември минатата година и таа верзија ќе биде тема на разговор со опозицијата.

Во собраниска процедура сè уште е втората верзија на законот на која опозицијата поднесе амандмани и таа ќе биде повлечена кога ќе бидат обезбедени осумдесет гласови за усвојување на нов текст на Закон за Јавното обвинителство.

Во третата верзија е акцептирана новонастанатата ситуација со трансферот на предметите на СЈО и се обезбедува континуитет на обвинителите и сите започнати постапки.

Според предлогот, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе ги преземе надлежностите на СЈО, а обвинителите на СЈО коишто ги застапувале предметите ќе продолжат да ги водат.

-Во рок од 30 дена од гласањето на законот, ќе се проши бројот на обвинители во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и ќе биде распишан оглас на кој ќе може да конкурираат сите обвинители кои ги исполнуваат условите- наведуваат од Министерството за правда.

Материјалите од незаконското прислушување кои не се предадени како докази во судовите, ќе се чуваат во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. По истекот на три години од правосилното завршување на постапките, материјалите ќе бидат уништени во согласност со закон.

Оттаму велат дека очекуваат опозицијата да ги земе предвид интересите на граѓаните, а не нечиви лични интереси.

4

ТАГОВИ: закон за ојо Министерство за правда правда

Back To Top