skip to Main Content

Галерија: Мирен протес за спас на Водно

    5
Галерија: Мирен протес за спас на Водно

Претставниците на иницијативата „Не за гасовод на Водно“, уште еднаш испратија силна порака Не Низ Водно – од врвот на Водно, против понатамошни минирања, копања, механизации, сечење на шумата, уништување на биодиверзитетот, бројни живеалишта, против изградба на гасоводот низ Водно.

Мирен протестен собир и денеска се одржа на врвот на Водно, каде можеа оние кои не го виделе местото на злосторот, срамнетиот срт кај багерите, да се прошетаат со водичи кои  им одговораа на граѓаните на прашањата во врска со трасата на гасоводот низ Водно, каде точно ќе поминува и што се уништува.

-Одењето по срт не е напорно, поминува низ убав предел и може цела фамилија да го изоди, мали и големи. Не заборавете да понесете вода, капа, наочари за сонце. За оние кои сакаат да одат пешки до Врв или само до Средно, ќе има водичи во 8:00ч кај ОУ Кочо Рацин. Пријавете се тука, ако сакате да се качувате во група на Воднољупци, за да ве чекаат ако закасните, порачаа активистите на нивната фејсбук страна.

„Не за гасовод на Водно“ е неформална асоцијација на неколку здруженија на граѓани и неформални здруженија, меѓу кои: „Го сакам Водно“, „О2 Коалиција за чист воздух“, „Билка“, „Сакаме Аеродром на дише“, „Go Green“, „Зелено Тафталиџе“, „Еко Карпош 321“, „Скопје Смог Аларм“, „Спас за Водно“.

5

ТАГОВИ: гасовод Не низ Водно

Back To Top