skip to Main Content

Врховен ги потврди пресудите на Груевски, Јанкулоска и Поповски за „Тенк“

    2
Врховен ги потврди пресудите на Груевски, Јанкулоска и Поповски за „Тенк“

Врховниот суд вчера ја потврди одлуката на Апелацискиот суд за предметот „Тенк“ во кој поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска доби казна затвор во траење од четири години.

Врховниот суд на Република Северна Македонија во соопштение објавено на веб-страницата на судот, информираше дека на 17-ти септември 2020 година, одлучило по предметите заведени под КВПКОК2КВПбр.6/19 и КВПКОК2КВПбр.7/19, кои се оформени по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска.

Со донесените пресуди Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби поднесените барања на осудените, поднесени лично од нивна страна и преку нивните бранители и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје- соопшти Врховниот суд.

Странува збор за пресуди за предметот „Тенк“, во кој поранешниот премиер Никола Груевски беше осуден на две години затвор за примање награда за противзаконито влијание за набавката на луксузен „мерцедес“, а поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6 години и шест месеци за злоупотреба на службена должност и овластување.

Судијката Добрила Кацарска првично ја осуди поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“ во одвоената постапка што за случајот „Тенк“ ја водеше Специјалното јавно обвинителство.

Апелација минатата година делумно ги уважи жалбите на Јанкуловска, на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата и ја осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години.

2

ТАГОВИ: Врховен Јанкуловска пресуди

Back To Top