skip to Main Content

Во товарно возило откриени 45 мигранти

    3
Во товарно возило откриени 45 мигранти

На автопатот Велес-Скопје, вечерва после полноќ, при редовна контрола од мобилна единица на Царинската управа во товарно возило се отркиени 45 мигранти од Пакистан, информира МВР.

-На 13.10.2019 околу 00.15 часот во СВР Велес бил лишен од слобода И.М.(28) од село Марвинци, Богданци кој при редовна контрола од мобилна единица на Царинската управа кај наплатна станица „Отовица“ на автопатот Велес-Скопје бил запрен додека управувал товарно моторно возило,,ивеко’’ со скопски регистарски ознаки, при што во возилото биле пронајдени 45 лица-мигранти од Пакистан- наведуваат во дневниот билтен од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

3

ТАГОВИ: криумчарење мигранти

Back To Top