skip to Main Content

Во ресторан пронајден кокаин, сопственичката под кривичен прогон

    7
Во ресторан пронајден кокаин, сопственичката под кривичен прогон

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишна скопјанка во чиј ресторан во гостиварското село Неготино бил пронајден кокаин, информира МВР во дненвиот билтен.

Според МВР, дрогата била пронајдена во полициски претрес во локалот кој бил спроведен на 30. мај годинава.

Кривичната пријава против сопственичката е поднесена под сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“.

7

ТАГОВИ: Гостивар кокаин кривична ресторан

Back To Top