skip to Main Content

Во ресенско запленети торби со марихуана тешки 23 килограми

    3
Во ресенско запленети торби со марихуана тешки 23 килограми

Полицијата на патот Стење-Царев Двор запленила околу 23 килограми марихуана. Како што информира МВР, на 19 мај околу 22.00 часот на патот Стење-Царев Двор, во близина на селото Козјак, Ресенско, по добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Битола ги затекнале лицата Б.Г(46) и В.А(56), двајцата од Република Албанија, со живеалиште во Охрид, со товарно возило „мерцедес вито” со бугарски регистарски ознаки и едно лице кое управувало патничко возило „мерцедес“.

-Лицето со патничкото возило побегнало од местото, при што во близина на селото Долна Бела Црква од возилото фрлило две торби со околу 23 килограми марихуана. Б.Г. и В.А. биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Товарното возило „мерцедес вито“, торбите со марихуана и други предмети биле одземени за понатамошна постапка- е наведено во соопштението на МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на третото лице и патничкото возило и за целосно расчистување на случајот.

3

ТАГОВИ: заплена марихуана

Back To Top