skip to Main Content

Во патничко возило откриени 27 мигранти

    4
Во патничко возило откриени 27 мигранти

Во Струмица во патничко возило „цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки се откриени 27 мигранти, информира МВР.

-На 06.10.2019 во 11.15 часот во СВР Струмица биле приведени Д.М.(22) и И.С.(39), двајцата од Богданци, затоа што на местото викано „Крива река“ во Струмица, во патничко возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени 27 лица – мигранти (10 од Авганистан и 17 од Пакистан)- стои во дневниот билтен на МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

4

ТАГОВИ: криумчарење мигранти

Back To Top