skip to Main Content

Во бегство поранешниот телохранител на Мијалков

    3
Во бегство поранешниот телохранител на Мијалков

Поранешен телохранител на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, Драганчо Стоименов (Дацо Белски), избегал од домашен притвор, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

-Одредена е мерка куќен притвор за лицето, а надлежноста полицијата неколку пати во текот на денот прави проверки. При последната проверката која е извршена вчера, констатирано е дека лицето не е дома, односно не ја почитува мерката на судот и за тоа веднаш е известен судот. По наредба на судот веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето- велат од МВР.

Стоименов, се гони за обид за убиство на Драган Здравев, во кого пукаше додека седел во кафуле во Кочани. По инцидентот осомничениот избега, а потоа самиот се пријави во полиција.

3

ТАГОВИ: бегство Дацо Белски домашен притвор МВР

Back To Top