skip to Main Content

Во авион пријавено лице кое не давало знаци на живот

    2
Во авион пријавено лице кое не давало знаци на живот

На Граничниот премин „Меѓународен aеродром-Скопје“, во авион што летал на релација Базел- Скопје било пријавено дека во него има починато лице, кое не давало знаци на живот, информира МВР.

-На 23.04.2019 година во 00,27 часот на Граничниот премин “Меѓународен aеродром-Скопје“ пристигнал воздухоплов што сообраќал на релација Базел-Скопје и било пријавено дека во него имало лице кое не дава знаци на живот. Во 00,50 часот од страна на лекар констатирана била смрт без траги на насилство кај К.К.(74) од Гостивар- е наведено во соопштението од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

2

ТАГОВИ: аердром МВР

Back To Top