skip to Main Content

Влада: Од утре отпочнуваат со работа угостителските објекти, хронично болните остануваат дома

    8
Влада: Од утре отпочнуваат со работа угостителските објекти, хронично болните остануваат дома

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 57-ма седница донесе одлука со која од утре, 27 мај, целосно престанува важењето на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

На оваа седница донесена е и одлука според која од четврток, 28 мај, отпочнуваат со работа на угостителските објекти во Република Северна Македонија со прецизно утврден соодветен протокол за нивна работа во отворените делови, односно терасите на овие објекти, а работата во затворените делови и во објектите кои немаат тераси, ќе се регулира во наредната фаза;

Владата на Северна Македонија на оваа своја седница донесе одлука од 1 јуни 2020 година, да престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон градот Скопје, организирање на работниот процес со ротации и другите слични мерки и препораки.

Владата заклучи дека оваа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа, дејствување и однесување на работно место кој се однесува на просторните услови, физичкото растојание во работните и другите простории, носењето лична заштитна опрема и така натаму;

Ова не важи за хроничните болни, а како дополнителен заклучок Владата денеска утврди дека отстапка од оваа одлука се и родителите кои имаат деца на возраст до 10 години или деца на претшколска возраст, за кои ќе се чека одлуката за отпочнување на работата на градинките.

8

ТАГОВИ: владина седница одлуки

Back To Top