skip to Main Content

Вилма Рускоска денеска ќе го поднесе обвинението за „Рекет“

    3
Вилма Рускоска денеска ќе го поднесе обвинението за „Рекет“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција предводено од Вилма Русковска денеска ќе го поднесе обвинението за предметот „Рекет“.

Истиот предмет од вчера се прошири на уште четири лица, за перење пари, измама и помагање во измама.

Новоосомничени се потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски, потпретседателката на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски,  Кристина Карајованова и Бојан Јовановски кој е осомничен за нови кривични дела.

За Јасна Мандиќ е одреден домашен притвор, а за останатите се одредени мерки на претпазливост.

Лицата кои се опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост во врска со случајот „Рекет“ денеска се повикани во Основен кривичен суд Скопје да се произнесат пред судија на претходна постапка.

– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка вчера беше спроведено едно лице со предлог за определување мерка притвор. По ценење на фактите и доказите во предлогот, произнесување на странките како и ценење на личните и семејни услови на осомниченото лице, судија на претходна постапка донесе решение со кое на Ј.М. и определи мерка куќен притвор како и дополнителна превентивна мерка – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница, заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП- соопштија утрово од Основниот кривичен суд Скопје.

3

ТАГОВИ: обвинение рекет Рускоска

Back To Top