skip to Main Content

Вешто лице-психијатар сведочеше за психичката состојба на Емил Јакимовски

    13
Вешто лице-психијатар сведочеше за психичката состојба на Емил Јакимовски

На второто судење против Емил Јакимовски, кое се одржа денеска во основниот кривичен суд во Скопје, сведочеше вешто лице-психијатар, а јавноста беше исклучена од судењето, поради изнесување интимни детали.

На денешната судска расправа, по предлог на обвинителката Наташа Сарамандова, судијката Џенета Бегтовиќ поради чувствителноста на темата ја исклкучи јавноста од следење на овој спор.

Оштетените, неговата поранешна сопруга Д.Ј и новинарката М.Ј.Ч., ќе бидат преслушани на 25 февруари.

Застапник на оштетената Д.Ј. е адвокатот Јанаки Митровски.

Првото дело кое му се става на товар, обвинетиот го сторил на начин што со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, притоа искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тој, како поранешен сопруг на една оштетена, при вршење семејно насилство и ја загрозил сигурноста со сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело и врз животот и телото на нејзино блиско лице – нејзиниот татко.

Обвинетиот се товари дека второто дело го сторил на 10 јануари, кога по пат на информатички систем и се заканувал на оштетена дека ќе изврши кривично дело –Убиство за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години. Заканите ги упатувал преку пораки и мобилни апликации, па оштетената се почувствувала дека и е загрозена личната сигурност.

Истражната постапка за истото лице беше поведена и за кривично дело – Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5, но за ова дело не е поднесено обвинение, бидејќи во текот на постапката се утврди дека Решението на Основниот граѓански суд Скопје со кое била издадена наредба – Привремена мерка за заштита на правата на оштетената од семејно насилство се уште не е правосилно.

Емил Јакимовски со решение на Основниот кривичен суд Скопје се наоѓа во притворското одделение на Затвор Скопје.

 

13

ТАГОВИ: емил јакимовски судење

Back To Top