skip to Main Content

ВИДЕО: Стартува пописот – Како да се самопопишете ?

    3
ВИДЕО: Стартува пописот – Како да се самопопишете ?

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на заедничка прес-конференција со Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симoвски ги претставија подготовките за старт на најважната статистичка операција за земјава – ПОПИСОТ 2021.

Попишувањето е лесно, едноставно и брзо, достапно на осум јазици, меѓу кои и македонски, албански и англиски, за што на Прес конференцијата беа презентирани посебни видео – туторијали, односно упатства, кои на едноставен и разбирлив начин ја опишуваат целата постапка.

-Свикав вонреден состанок со шефовите на сите Дипломатско конзуларни претставништва, каде издадов директни инструкции до целата дипломатска мрежа, целосно и со полн капацитет да се стави на располагање на пописните тимови и на целокупниот процес , со цел успешна реализација на пописот, за нашите вработени и за нашата дијаспора- истакна Османи. 

Во таа насока, зборувајќи за улогата што нашите Амбасади ќе ја имаат во текот на овој прoцес, Османи нагласи: „Улогата на нашата дипломатска мрежа ќе биде да ги идентификува сите можни канали на комуникација, и преку засилени промотивна активност, да ги распространи информациите за овој процес до секој наш државјанин кој живее и работи во странство. Оваа активност, во следните 50 дена, ќе биде највисок приоритет на нашата дипломатска мрежа”.

Од аспект на фактот дека за прв пат се спроведува операција за попишување и на дијаспората, што претставува дополнителен предизвик но и обврска да имаме успешен процес, Османи потенцираше:„Пописот е добар пример преку нашата проактивна улога да демонстрираме одговорност и посветеност кон дијаспората, која има важна улога во севкупните процеси на земјава. Ова е добра шанса да покажеме грижа за нашите граѓани во странство и да создадеме услови за трајна соработка, за брза комуникација и блискост, остварувајќи ја со тоа клучната цел – дијаспората да биде нераскинлив дел од земјава”.

Министерот Османи упатувајќи порака и до сите наши граѓани, без разлика дали се наоѓаат во земјава, дали се на привремена работа или студии надвор, или се дел од нашата дијаспора, истакна:

„Еден од главните елементи што е неопходен за успешни политики е токму реалната слика за бројноста на населението и неговата економска, образовна и социјална структура. Не постои друг начин за добивање на реална слика, освен преку пописот како статистичка операција која е предуслов за секоја организирана држава да може да го планира својот развој. Сакам да ве повикам активно да се вклучите во овој процес, да го искористите ова право и оваа граѓанска обврска, со цел да ги добиеме клучните податоци со кои ќе можеме соодветно да ги планираме нашите политики”.

Од 1 до 15 март, сите вработени во Дипломатско – конзуларните претставништва, вклучувајќи ги тука и нивните семејства, ќе можат да се само-попишат, или самостојно да се регистрираат, преку он-лајн апликацијата изготвена од Државниот завод за статистика, за што на веб страната на Министерството за надворешни работи веќе се поставени соодветни линкови.

Во исто време, процесот започнува и за сите наши државјани кои се наоѓаат во странство, односно нашата дијаспора, кои во далеку подолг период, од 1 март се до 21 април, или во следните 50 дена, на ист начин, со едноставно пристапување до апликацијата, ќе можат да го остварат ова право и граѓанска обврска.

3

ТАГОВИ: Бујар Османи дијаспора попис

Back To Top