skip to Main Content

(ВИДЕО) Јовески: Обвинителството постапува непристрасно и неселективно се гонат сторители на кривични дела

    2
(ВИДЕО) Јовески: Обвинителството постапува непристрасно и неселективно се гонат сторители на кривични дела

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, одржа дигитална предновогодишна средба со  новинарите.

Јовески посочи дека 2020 е тешка година за сите, а беше исполнета и со многу предизвици за јавните обвинители бидејќи нивната работа бара постојан  континуитет, целосна посветеност, лична директна комуникација со многу луѓе.

-Надлежни сме за гонење на криминалот, а тој не запира, дури и кога има пандемија. Обврзани сме со рокови во преземањето на нашите дејствија, на целосно прибирање на материјални и вербални докази за да имаме издржани обвиненија. И во услови на пандемија, со поинаква организација на работата,  обезбедивме непреченото одвивање на истрагите и постапките по другите предмети, почитувајќи ги целосно здравствените протоколи- рече јавниот обвинител Јовески.

Во оваа година  обвинителствата постапуваа против повеќе од 25.000 полнолетни сторители на кривични дела. Само за време на вонредната состојба  беа поведени и се завршени постапки против 3.500 лица за непостапување според здравствените прописи.

Обинителството, почитувајќи го начелото за презумпција на невиност ги објавува сите информации, за кои нема законска пречка и кои нема да наштетат на постапката. Само во оваа година објавени се 825 соопштенија, што е двојно повеќе од претходната година, а покрај тоа редовно одговаравме на вашите прашања за кои јавноста имаше интерес.

Јавниот обвинител посочи дека со години има недостаток на материјални и човечки ресурси, но истакна дека годинава беа избрани нови 18 јавни обвинители, а во завршна фаза е постапката за вработување на 70 работници на различни работни места од кои повеќето се неопходните јавно-обвинителски стручни соработници.

Овие нови вработувања значително ќе ги подобрат капацитетите на јавното обвинителство, но неопходно е и натаму да се засилуваат човечките ресурси во обвинителството.

Во оваа година профункционираа 4 истражни центри во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и основните  јавни обвинителства во Скопје, Куманово и Тетово.

-Во насока на градење систем на отчетност во рамки на јавното обвинителство ја зајакнавме дисциплинската одговорност. Оваа година водевме неколку дисциплински постапки против 5 јавни обвинители кои сториле повреди во текот на работењето“, рече Јовески, и посочи дека во втората половина на годинава започна примената на новиот Закон за јавно обвинителство со кој се унапредува организацијата и работењето на обвинителството. Значајно е што се гарантираат 0,4 проценти од Буџетот за работа на обвинителствата. Имајќи ја предвид состојбата во државата предизвикана од пандемијата за 2021 е обезбеден Буџет на јавното обвинителство во висина од 0,2 отсто. Да нагласам дека треба сите да бидеме солидарни и да помогнеме во заложбите за справување со потешкотиите предизвикани од опасниот вирус- рече Јовески.

-Jавните обвинители постапуваа и превземаа дејствија и по предметите превземени од Специјалното јавно обвинителство, со што во неколку предмети се поднесени обвиненија или други одлуки согласно доказните материјали, а продолжија и со застапување по предметите по кои претходно беа поднесени обвиненија. Јавно сакам да кажам дека обвинителството постапува непристрасно и неселективно се гонат сторители на кривични дела Обвинителството на овој начин ќе продолжи да работи и следната година- рече обвинителот Јовески.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, на новинарите им се заблагодари за досегашната соработка, им посака ним и на блиските добро здравје, успеси и благосостојба и упати апел  за одговорно однесување кон здравствените прописи за да можеме  брзо да се вратиме во редовни услови на живеење.

 

2

ТАГОВИ: љубомир јовески ОЈО Скопје

Back To Top