skip to Main Content

„Бурна ноќ“ во ноќен клуб, три лица нападнати од еден прилепчанец

    7
„Бурна ноќ“ во ноќен клуб, три лица нападнати од еден прилепчанец

Во полициската станица Прилеп, два часа после полноќ, е пријавенa физичка пресметка во ноќен клуб, каде според МВР, три лица пријавиле дека биле нападнати од страна на еден прилепчанец.

-На 12.01.2020 во 04.00 час. во полициската станица Прилеп Х.Ч (35) од Прилеп пријавил дека на 12.01.2020 околу 02.00 час. во ноќен клуб, по кратка вербална расправија, физички бил нападнат од Д.Б (27)од Прилеп- наведуваат од МВР.

Исто така, во врска со овој случај, В.Ј (28) од  Прилеп, заедно со Ф.Ј (28) од Прилеп  пријавиле  дека околу 02.00 час. во ноќен клуб физички биле нападнати од претходно пријавеното лице Д.Б. (27).

Се работи на целосно расчистување на случајот.

7

ТАГОВИ: МВР ноќен клуб прилеп тепачка

Back To Top