skip to Main Content

Брифинг за новиот Закон за Судски совет

    2
Брифинг за новиот Закон за Судски совет

Институтот за човекови права организира краток брифинг со новинари за новиот Закон за Судскиот совет и за работата на Судскиот совет во изминатиов период. Брифингот е планиран во форма на дискусија на која ќе се покренат прашања во однос на влијанието на новите измени врз работата на Судскиот совет и пред се на независноста на судството.

Брифингот ќе се одржи денес, 20 мај  (понеделник) во Јавна соба со почеток од 12,00 часот.

Проектот „Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет“ кој е поддржан од Британската амбасада Скопје, има за цел да го задоволи интересот на јавноста за поголема отчетност на Судскиот совет на РМ преку употреба на докази и зголемена комуникација со јавноста  и истовремено да ја зголеми прокативната улога на Судскиот совет во однос на неговата ефективност и транспарентност.

На брифингот новинарите ќе имаат можност да поразговараат со претставниците од Институтот за човекови права; Маргарита Цаца Николовска (претседател на ИЧП), Вера Коцо (член на Управен одбор на ИЧП), Мирослав Драганов (Извршен директор), Јелена Кадриќ (Програмски координатор и мониторинг офисер за следење на работата на Судскиот совет) и Кристина Дода (Програмски координатор).

2

ТАГОВИ: брифинг Институт за човекови права

Back To Top