skip to Main Content

Бојан Јовановски не даде исказ пред Рускоска

    3
Бојан Јовановски не даде исказ пред Рускоска

Влошената здравствена состојба на Бојан Јовановски, го спречи да даде исказ пред обвинителката Вилма Рускоска за предметот „Рекет“.

Непосредно пред да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал на Боки 13 му се слошило, повраќал, па веднаш била повикана брза помош. За неколку минути на количка беше изнесен од зградата на обвинителството.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски даде изјава за новинарите во која вели дека целата ситуација била прилично мачна за гледање, дека се соочиле со многу непријатна сцена.

Инаку, денеска ниту поранешната специјалната обвинителка Катица Јанева не даде исказ, со образложение дека тоа е стратегија на одбраната и ќе чекаат обвинение.

 

3

ТАГОВИ: бојан Јовановски рекет

Back To Top