skip to Main Content

Боки 13 утре ќе дава исказ во Обвинителство

    4
Боки 13 утре ќе дава исказ во Обвинителство

Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13, утре со полициска придружба од затворот во Шутка треба да биде донесен во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, соопштуваат од Обвинителството.

Увидот во доказите заврши и утре за прв пат Јовановски треба да даде исказ во Обвинителството. Засега нема информација кога ќе даде исказ поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот „Рекет“.

Предметот „Рекет“ беше отворен во мај годинава кога беа уапсени Јовановски и Милевски. По еден месец во притвор заврши и Јанева, под сомнение дека изнудиле 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, кој го гонеше СЈО, со ветување дека ќе му ја прекинат истрагата за „Империја“.

4

ТАГОВИ: бојан Јовановски рекет

Back To Top