skip to Main Content

Арсовски: Обвинителите од СЈО немаат кредибилитет

    4
Арсовски: Обвинителите од СЈО немаат кредибилитет

СЈО нема повеќе кредибилитет. Нема кредибилитет ниту Катица Јанева, ниту некој од обвинителите кои постапувале по нејзините насоки и молчеле за целиот криминалот кој што се случува, ниту пак истражителите и останатите вработени. Сите се дел од криминална мрежа, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролот на партијата Димче Арсовски на прес конференција изјави дека постои сомнеж дека во име на „Рекет“ на сметката на невладината на Бојан Јовановски легнале 260 илјади евра за затворање на предмет кој првично не бил во надлежност на ОЈО, но преминал поради поврзаност со предметот „ТНТ“

-Дали Вилма Русковска и ОЈО веќе се занимаваат со овој случај каде што се зацрнети судбини на луѓе поврзани со случајот „ТНТ“ од страна на СЈО? Дали некој се занимава со овој платен рекет од 260.000 евра за повлекување на обвинение? Сега гледаме дека се било шема од Катица Јанева, Заев и останатите за да се вршат притисоци и да се рекетираат пари0- изјави Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ бара од ОЈО да ја приведе специјалната обвинителка Катица Јанева.

Инаку во СЈО се води и предмет против дел од високи функционери вопартијата ВМРО-ДПМНЕ, под име Талир за незаконско финансирање.

4

ТАГОВИ: ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски

Back To Top