skip to Main Content

Апелација ја отфрли жалбата, Боки 13 останува во затвор

    5
Апелација ја отфрли жалбата, Боки 13 останува во затвор

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли како недозволена жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет”, Бојан Јовановски – Боки 13.

Против оваа одлука Јовановски нема право на жалба, наведуваат од Апелација.

-Апелациониот суд Скопје на ден 04.12.2019 година, постапувајќи по жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски изјавена преку бранителот адвокат Сашко Дукоски од Скопје, против решението на првостепениот суд од 20.11.2019 година , со кое е одбиен предлогот за укинување на мерката притвор и замена на истата со други поблаги мерки за обезбедување присуство на обвинетиот Бојан Јовановски во текот на постапката. По разгледувње на списите во предметот одлучи изјавената жалба да ја отфрли како недозволена, согласно одредбата од чл.172 став 2 точка 5 од Законот за кривична постапка во врска со став 1 од истиот член од Законот, согласно која против решението на советот со кое се одбива предлогот за определување или укинување на притворот не е дозволена посебна жалба- е наведено во соопштението од Апелациониот суд.

Со образложението на причините за ваквата одлука, јавноста ќе биде запознаена со објавување на WEB страната на судот, дополнително.

5

ТАГОВИ: Апелација Боки 13 жалба

Back To Top