skip to Main Content

Автомобил со мигранти удрил во полициско возило

    4
Автомобил со мигранти удрил во полициско возило

Патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, удрило во службено полициско возило и побегнало. Подоцна возилото е пронајдено, а во него со тешки телесни повреди се откриени двајца мигранти од Авганистан, информира МВР.

-На 12.09.2019 околу 02.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на патот село Сопот, кумановско, патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, удрило во службено полициско возило и побегнало. Околу 02.18 часот на патот Табановце-Куманово патничкото возило било пронајдено надвор од коловозот, а во него биле затекнати повредени двајца мигранти од Авганистан. Тие биле пренесени во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’, каде им биле констатирани тешки телесни повреди- стои во дневниот билтен на МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

4

ТАГОВИ: МВР мигранти сообраќајка

Back To Top