skip to Main Content

Предметот на Владо Бучковски застаре

    3
Предметот на Владо Бучковски застаре

Коалицијата Сите за правично судење, која го мониторираше случајот во кој беше обвинет поранешниот премиер Владо Бучковски и уште три лица, соопшти дека јавниот обвинител во завршниот збор го преквалификувал обвинението, по што настапила застареност на кривичното гонење.

Одбраната сепак побара да даде завршен збор на следното рочиште кое се закажа за ден 22.11.2019 година во 13:30 часот.

Судијката Даниела Алексовска Стојановска го води овој предмет.

По оваа одлука, трошоците за адвокатите на обвинетите, меѓу кои и за Бучковски, ќе ги плати државата.

Случајот датира од 2001 година кога Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ како приоритетна набавка од фирмата МЗТ ФОП нарачале резервни делови за тенковите „Т 55“.

 

 

3

ТАГОВИ: АРМ бучковски затарено дело

Back To Top