skip to Main Content

Ќе се вештачат обезбедените траги од семејната куќа каде беа убиени две жени

    3
Ќе се вештачат обезбедените траги од семејната куќа каде беа убиени две жени

Јавен обвинител во координација со  екипи на крим-техника од Минситерството за внатрешни работи, изврши увид во куќа на улица Александар Македонски во Прилеп каде вчера во  8 часот беа пронајдени две безживотни тела.

Безживотните тела на А.П. родена 1979 година и нејзината мајка Т.К. родена 1956 година имале прострелни рани.

Во нив пукал сега осомничениот, 50-годишниот поранешен сопруг и зет на починатите. Со две прострелни рани се здобило и уште едно лице, брат и син на оштетените, кое било во просторијата.

-Во обидот да биде совладан, повреден е и осомничениот. Повредениот оштетен и осомничениот се пренесени во прилепската болница каде им се укажува медицинска помош- наведуваат од ОЈО во соопштението до јавноста.

Во насока на расчистување на кривично правниот настан, по наредба на јавниот обвинител подигнати се и обезбедени траги од лице место. Издадена е  наредба за обдукција над починатите. Обезбедените траги од лице место ќе бидат предмет на вештачење.

Јавниот обвинител издаде и Наредба за претрес во домот на осомничениот прилепчанец кој, според сознанијата на обвинителството, поради претходно нарушени брачни односи не живеел во заедница со неговата сега почината сопруга.

3

ТАГОВИ: ОЈО семејно насилство убиство

Back To Top