skip to Main Content

Јанкулоска осудена на шест години затвор

    6
Јанкулоска осудена на шест години затвор

Шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“ С600, доби поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, предмет за кој Специјалното јавно обвинителство покрена обвинение познато како „Тенк“.

Јанкулоска е прогласена за виновна за злоупотреба на службена положба и овластување. Според судот, таа знаела дека се работи за исклучително скапо возило. Осудениот Никола Груевски ја поттикнал Јанкулоска да го купи возилото, таа пак со умисла го поттикнала Ѓоко Поповски да ја изврши задачата за набавката на возилото. Возилото е набавено во незаконска постапка, а се со цел да му се исполни желбата на Груевски, образложи судијката Кацарска

Обвинителката Фатиме Фетаи по објавувањето на пресудата рече дека до правосилноста на пресудата постои можност за бегство на осудената Јанкулоска, но имајќи ги предвид нејзините семејни прилики, предлага да и се определи мерка забрана за напуштање на живеалиштето до извршување на казната.

Сања Алексиќ, адвокат на Јанкулоска, оцени дека предлогот на СЈО е неоснован и побара судот да не го прифаќа.

Судечкиот совет го прифати предлогот на СЈО и определи на Гордана Јанкулоска мерка на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето и престојувалиштето до извршување на казната од шест години затвор.

На изрекувањето на пресудата не присуствуваше Јанкулоска, само нејзините адвокати и претставници на СЈО.

6

ТАГОВИ: Јанкуловска Тенк

Back To Top