skip to Main Content

Јанкуловска денеска ќе ја слушне пресудата за „Тенк“

    5
Јанкуловска денеска ќе ја слушне пресудата за „Тенк“

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за издвоената постапка за Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“.

Во завршниот збор на 3 октомври обвинителството побара Судот да ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службена должност и овластувања, како и да ги подмири трошоците заедно со Поповски и Груевски во висина од 313 илјади денари.

Обвинителката Фатиме Фетаи, истакна дека од изнесените докази јасно се гледа дека Јанкулоска го поттикнала Поповски да набави блиндирано возило за МВР и тоа да се даде на користење на премиерот Груевски.

– Обвинетата Јанкулоска е виновна за злоупотреба на службена должност, бидејќи таа била свесна за своето дело и го сакала спроведувањето. Предлагаме Судот да ги земе како отежнувачка околност степенот на одговорност, а како олеснителна околност семејната состојба, рече Фатиме.

Одбраната на Јанкуловска кажа дека во постапката било грубо нарушен принципот на еднаквост на оружјата, СЈО не ја докажало својата надлежност, како и дека Судот треба да донесе пресуда за дејствие што наводно се случило пред шест години врз основа на докази кои во најголем дел се прибавени со кршење на домашните и меѓународни права.

5

ТАГОВИ: Јанкуловска пресуда

Back To Top