skip to Main Content

Дневна агенда за правното советување со легендарниот Тома Фила

    7
Дневна агенда за правното советување со легендарниот Тома Фила

ЈанакиЗнае со задоволство Ве поканува на правно советување симболично насловено „Duas Partes“ на 03.05.2019 година во хотел „Континентал“ коe ќе биде составено од два дела: граѓански и кривичен.

Во граѓанскиот дел предавања ќе одржат:

-Судија Љубица Колиќ, судија при Основниот суд Скопје 2 Скопје, која ќе одржи предавање на тема „Примена на принципите и праксата на ЕСЧП во постапките за граѓанска одговорност за клевета и навреда”;

-Судија Анита Бошкова, судија при Апелационен суд Скопје, која ќе одржи предавање на тема „Ништовност на договорите”.

Во кривичниот дел предавања ќе одржат:

-Адвокат Јанаки Митровски, кој ќе предава на тема „Привилегираност на обвинителите во кривичните постапки”;

-Судија Јани Нича, судија при Апелационен суд Скопје, ќе предава на тема „Осврт на предвидените измени на ЗКП”;

-Адвокат Тома Фила, адвокат од Белград, кој ќе одржи предавање на тема „Дали Сребреница претставува геноцид?”.

После секој дел ќе следи интерактивно вклучување на учесниците со предавачите.

Котизацијата за настанот изнесува 2.550,00 денари во која се вклучени данок, работен материјал, кафе, сок и сертификат за учество на советувањето.

Цената за активни студенти и постдипломци изнесува 1.550,00 денари.

Пријавувањето е на pravensovet@gmail.com или на 075/ 243-299 најдоцна до 02.05.2019 година.

7

ТАГОВИ: ЈанакиЗнае Тома Фила

Back To Top