skip to Main Content

ЈО ги презеде предметите од СЈО

    3
ЈО ги презеде предметите од СЈО

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија вчера ги презеде предметите од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

-По преземањето на предметите,  доверени се на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети се до определување на надлежно Јавно обвинителство и јавен обвинител кој ќе постапува во секој предмет- стои во официјалното соопштение од ОЈ.

Во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе продолжат да се спроведуваат досегашните безбедносни мерки и начинот на движење на предметите, доказните материјали и материјалите од прислушуваните разговори,  а за контрола над спроведувањето на овие мерки задолжени се двајца јавни обвинители.

3

ТАГОВИ: обвинителство предмети СЈО

Back To Top