skip to Main Content

ЈО Штип отвори предмет по допрен глас за насилниците од Штип

    8
ЈО Штип отвори предмет по допрен глас за насилниците од Штип

Основното јавно обвинителство во Штип отвори предмет по допрен глас откако на социјалните мрежи и медиумите беа објавени видео записи во кои се гледа насилство извршено над едно лице.

-Во насока на обезбедување услови за непречено водење на натамошната постапка и расчистување на кривично-правниот настан преку прибирање на материјални и вербални докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип издаде насоки и наредби до надлежните институции за пронаоѓање на сторителите и нивно приведување во полициска станица- велат од ОЈО Штип.

Обвинителството во континуитет презема дејствија со цел сторителите да ги изведе пред лицето на правдата.

8

ТАГОВИ: ојо штип

Back To Top